Авганистан - средба на ривалите во очекување на изборните резултати

Денеска треба да бидат објавени прелиминарните резултати од претседателските избори во Авганистан. Пребројувањето на гласовите го следат контроверзии. Двајцата кандидати што се натпреваруваа во вториот круг, Абдула Абдула и Ашраф Гани, меѓусебно се обвинуваат за изборни нерегуларности и се прогласија за наследници на претседателот Хамид Карзаи. Нивните преставници денеска се срекаваат во обид да ги намалат тензиите. Абдула, кој сме сметаше за фаворит на изборите, обвини за полнење на гласачките кутии од „индустриски обем“ на гласањето на 14 јуни и најави дека нема да ги признае резултатите. Неговиот ривал Ашраф Гани, кој наводно освоил еден милион гласови повеќе, рече дека резултатот е фер и оти прогласувањето на победникот не треба веќе да се одложува. Американскиот сенатор Карл Левин, кој е во посета на Кабул, вчера изјави дека прелиминарните резултати веројатно ќе бидат проследени со ревизија на сомнителните гласови.