Обвинети мажите кои каменува до смрт жена во Пакистан

Петмина мажи се обвинети за убиството на една 25-годишна жена во Пакистан, поради тоа што не сакала да се омажи според нивната желба. Таа беше убиена (каменувана до смрт) на 26 мај во близина на градот Лахоре, а приведени и обвинети се членови на нејзиното семејство, меѓу кои татко ѝ и браќата. Убиството ја вознемири јавноста во Пакистан, меѓу другото и поради тврдењата дела полицијата не направила ништо да ја спаси жртвата.

САД го нарече убиството „грозоморно“, а пакистанскиот премиер Наваз Шариф побара итна акција за фаќање на убијците. Според Независната комисија за човекови права во Пакистан, минатата година 869 жени биле жртви на така наречените „убиства од чест“.