Ердоган ја почна претседателската кампања

Турскиот премиер Реџеп Таип Еродган ја почна својата претседателска кампања со ветување дека функцијата претседател ќе ја трансформира во уште посилна, ако победи на изборите во август.

„Преземаме прв чекор од новиот почеток“, изјави 60-годишниот Ердоган пред илјадниците приврзаници на вчерашниот митинг во градот Самсун, неколку дена по објавувањето на својата кандидатура.

Ердоган јасно стави до знаење дека ќе ја промени церемонијалната улога на актуелниот претседател Абдула Ѓул во посилна функција. Ердоган е на власт во Турција од 2003 година, но интерните партиски прописи не дозволуваат тој повторно да се кандидира за премиер. Доколку победи на претседателските избори на 10 август, тој би можел да остане на чело на Турција уште најмалку пет години.