Ахмети со честитка за 4 јули, но и повик за помош од САД

Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети упати честитка до американскиот народ и властите по повод Денот на независноста на земјата. Ахмети се заблагодарува за придонесот на САД во промовирањето на демократијата, градењето на одржлив мир и стабилност. Тој, меѓу другото, бара помош од САД за евроатлантската интеграција на Македонија.

Во овој случај, би сакал да ја повторам силната посветеност на мојот народ за зачленување во евроатлантските структури, НАТО и ЕУ и да ве повикам да ни помогнете на ова патување толку важно не само за Македонија, туку и целиот Западен Балкан, се вели во честитката од Ахмети.