Основен суд-Нема повредени вработени за време на протестите

Основен суд Скопје

Неколку прозорци се оштетени, но не е повреден ниту еден вработен во судот за време на протестот кој попладнево се одржа на повеќе места во главниот град, меѓу кои и пред Кривичниот суд информираат од Основниот суд Скопје 1. За инцидентот, како што е наведено, е информирано Министерството за внатрешни работи, а материјалната штета дополнително ќе се проценува.