МНР-Изјавата на Самарас одраз на демократскиот капацитет

Грчкиот премиер Антонис Самарас

Не е добро политичар од земја членка на ЕУ да руши столбови на владеење на правото и демократските принципи, велат од Министерството за надворешни работи за ставовите на грчкиот премиер Андонис Самарас, изнесени во Брисел кои се однесуваат на Македонија и македонскиот јазик. Неговата изјава, како што наведуваат од министерството е одраз на личниот демократски капацитет и колку Самарс ги прифаќа различностите во европското модерно општество.

Според соопштението, не е добро да се игнорираат пресуди на Меѓународниот суд на правдата кои се однесуваат на кршење на меѓународното право. Најмалку е добро да се поттикнува нетолерантност кон разликите преку манипулирачки изјави за непризнавање посебности на држави, етникуми, јазици и идентитети.

Самарас во Европскиот парламент во Стразбур изјави дека македонскиот јазик не постои, оти го измислиле комунистите и дека Македонија води политика на екстремни ставови и непопуштање, а не дијалог.