Судири меѓу полицијата и демонстрантите на Бит Пазар

Не се работи за директни судири, туку од една страна демонстрантите фрлаат со камења и тули, а од другата страна полицијата одговара со солзавец, шок бомби и водени топови.

Во моментов толпата е потисната на Бит пазар каде што веќе можеби цел час траат судирите со полицијата. Не се работи за директни судири, туку од една страна демонстрантите фрлаат со камења и тули, а од другата страна полицијата одговара со солзавец, шок бомби и водени топови. Инаку протестите почнаа околу 13.30 пред Јаја паша џамијата каде што се собраа неколку илјади претежно млади луѓе Албанци да протестираат поради незадоволството од судската пресуда за случајот Монструм.

Протестот беше најавен преку социјалните мрежи за започна веднаш по завршувањето на петочната молитива во светиот муслимански месец Рамазан. Меѓу луѓето што протестираа имаше роднини на осудените во случајот Монструм.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Почеток на протестите за Монструм

​Групата демонстранти дополнително се зголеми на Бит Пазар и продолжија кон Судот. Таму демонстрантите фрлаа камења кон зградата на Судот, а на новинарите не им дозволуваа да снимаат. Пристигнаа и припадни на специјалните полициски сили, а се слушаат извици „ние не сме терористи“, „Јанкуловска е терорист“, „Голема Албанија“,, „полициска држава“,”Алах е голем“, „Али предавник“. Гневот е насочен како кон полицијата, така и кон првиот човек на ДУИ.

Сите демонстранти потоа се обидоа до Владата, но кај надвозникот во близина на трговскиот центар Мавровка се појавија неколку стотици полицајци со оклопни возила и водени топови и ги потиснаа назад кон Бит Пазар каде што се во моментов.