ОН-Зголемен ризикот за цивилите во Украина

Шефот за човекови права на ОН, Нави Пилај

Шефот за човекови права на ОН, Нави Пилај изјави денеска дека повторните борби во источна Украина ги ставиле цивилите под поголем ризик. Според неа, од крајот на прекинот на огнот на 30 јуни, ОН нотирале голем број на смрттни случаи во Донецк и Луханск кои се нашле во средината на тековните безбедносни операции. Пилај порача и дека е загрижена за зголеменото ниво на говор на омраза.