Предупредување на американската амбасада во Алжир

Американската амбасада во Алжир денеска издаде предупредување за опасност од можен напад врз американски интереси во таа земја. Во соопштението, амбасадата им порачува на своите вработени и државјани да избегнуваат хотели во сопственост на американски компании. Слично предупредување е издадено и во Уганда, каде што американската амбасада во Кампала наведува можност од напад врз меѓународниот аеродром во тој град. Зголемена е и контролата на директните летови за Соединетите држави.