Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

српскиот премиер Александар Вучиќ

„Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина, но нема да воведе санкции против Русија“, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата во Париз со премиерот на Франција Мануел Валс. „Нашиот став не е сосема неутрален. Ние решително ја поддржуваме идејата за територијалниот интегритет на Украина. Единствената разлика меѓу ставот на Србија и на Европската унија е тоа што ние нема да воведеме санкции против Русија“, додаде Вучиќ.