Израел го засилува присуството на границата со појасот Газа

Израелската армија соопшти дека ги зацврстува своите сили долж границата со Појасот Газа како одговор на ракетниот и минофрлачки оган од палестинска територија. Овој потег уследи по израелскиот воздушен напад врз Газа на 3 јули во кој беа ранети најмалку 11 Палестинци. Бомбардирањето дојде во текот на ноќта при што две куќи во јужниот дел на Израел беа погодени . Ова се случува во време на зголемени тензии со Палестинците. Палестински млад човек беше убиен во Ерусалим на 2 јули, два дена откако телата на тројца киднапирани израелски тинејџери беа пронајдени во Западниот Брег.