Светска банка-Хрватска шеста година по ред во рецесија

Логото на Светска банка

Претставникот на Светска банка Хонгјо Хам, изјави дека Хрватска навлегла во рецесија, бидејќи властите не разговараат за промени и затоа што го фаворизираат јавниот сектор наспроти приватните фирми. Според него, земјата најверојатно ќе се соочи со шеста последователна година во рецесија што е навистина необичен феномен. Тој во интервју за западните медиуми наведува дека недостига лидерство во економските реформи и јасна визија во која насока ќе се движи економијата. Во 2008 година хрватската економија е со пад од 13 отсто. Светска банка за оваа година очекува пад од 0,5 отсто.