Сириски авиони извршиле напади на границата со Ирак

Сириски авиони бомбардирале гранични региони помеѓу Сирија и Ирак, при што загинале тројца цивили, соопштија локалните власти. Нападите доаѓаат во време кога бунтовниците од Исламската држава на Ирак и Левант се обидуваат да ги зачуваат своите позиции на границата која ги дели двете земји. Во меѓувреме ирачката војска негираше дека безбедносните сили се повлекле од границата со Саудиска Арабија.