Русија ја зголемува соработката со Трансдњестер

Рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин и лидерот на Трансдњестер, Јевгениј Шевчук.

Властите на Русија и отцепениот регион на Молдавија, Трансдњестер потпишаа серија на договори со цел да се минимизира влијанието на новите односи на Кишињев со ЕУ. Рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин и лидерот на Трансдњестер, Јевгениј Шевчук го надгледуваа потпишувањето на договорите за соработка од областа на економијата, трговијата, транспортот, земјоделството и науката. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека зголемувањето на соработката е особено важно, бидејќи регионалните и економските услови стануваат покомплицирани.