Серија бомбашки напади во Египет

Неколку бомби експлодирале во Каиро и покрај зголемените безбедносни мерки поради одбележувањето на годишнината од соборувањето на поранешниот египетски претседател Мохамед Морси. Безбедносните сили соопштија дека најмалку две лица загинале во нападите. Војската поставила контролни пунктови на патиштата за пристап во Каиро и пред позначајните државни институции.