Продолжуваат разговорите за нуклеарната програма на Иран

Разговорите за нуклерната програма меѓу Иран и светските сили денеска влегуваат во одлучувачка фаза со маратонска финална рунда преговори во пресрет на крајниот рок кој истекува подоцна месецов. Преговарачите од Иран, Русија, Кина, Франција, Британија и Германија веќе пристигнаа во Виена со цел да обезбедат сеопфатен нуклеарен договор до 20 месецов. Тие бараат од Иран, кој е под санкции од Обединетите нации и западните сили да ја намали нуклеарната програма со цел да се елиминираат стравувањата дека земјата може да произведе нуклеарно оружје. Официјален Техеран, пак, тврди дека нивните нуклеарни активности имаат мировни цели.