Зголемена безбедност на аеродромите со директни летови до САД

Американските власти соопштија дека планираат да ја зголемат безбедноста на некои аеродроми во Европа и на Блискиот Исток од кои има директни летови кон Соединетите Држави. Секретарот на американската национална безбедност Џеј Џонсон вчера рече дека мерките ќе бидат превземени деновиве без да прецизира на кои аеродроми ќе се спроведат. Претставник на одделот за национална безбедност пак кој инсистирал на анонимомност рекол и дека аеродромите на кои се планираат засилени мерки се наоѓаат во Европа и на Блискиот исток. Оваа објава доаѓа во време на загриженост дека терористички организации развиваат нови експлозиви кои може да ги пренесат и покрај аеродромското обезбедување.