Украина, Русија, Германија и Франција се согласиле околу патот за примирје

Steinmeier and Russia's Foreign Minister Sergei Lavrov before they meet to discuss the Ukrainian crisis, in Ber

Министрите за надворешни работи на Украина, Русија, Германија и Франција се согласиле на пакет чекори за продолжување на прекинот на огнот во источна Украина каде што безбедносните сили се борат против проруските сепаратисти. Во заедничкото соопштение испратено по разговорите во Берлин вчера, министрите наведуваат дека чекорите вклучително и повторно отворање на разговорите за прекинот на огнот не подоцна од 5 јули ќе бидат набљудувани од ОБСЕ. Четворицата министри се согласиле и дека насилството од сите страни треба да престане, заложниците да бидат ослободени, а украинските гранични места со Русија да бидат вратени под владина контрола.