Иран го снабдил Ирак со воени авиони?

Меѓународниот иститут за стратешки студии соопшти дека Иран го снабдил Ирак со воени авиони со цел земјата да се спротистави на офанзивата на исламските милитанти. Според нив, анализата на видеата објавени од ирачките власти покажува дека авионите кои биле вчера испорачани потекнуваат од Иран. Се уште не е јасно, како што наведуваат од организацијата кој ќе раководи и кој ќе ги одржува авионите.