Германија-Кризата во Украина не се решава без прекин на огнот

Германскиот министер за надворешни работи, Френк Валтер Штајнмаер

Германскиот министер за надворешни работи, Френк Валтер Штајнмаер оцени дека кризата во Украина не може да биде решена без прекин на огнот. Тој говорејќи по разговорите во Берлин со неговите колеги од Франција, Украина и Русија изјави дека може да има преговори само кога оружјето ќе претане да се употребува.