ОБСЕ изрази загриженост за ситуацијата во Украина

Парламентарното Собрание на ОБСЕ на средбата во Баку изрази сериозна загриженост за кризата во Украина и ја реафирмираше намерата сите засегнати страни да се вклучат во напорите за постигнување мирно решение. Во резолуцијата на ОБСЕ, која беше усвоена, се повикува Русија да ја поништи анексијата на Крим и Севастопол. Девет членки на Парламентарното Собрание, меѓу кои и руската делегација не гласаа за резолуцијата.