Молдавија го ратификуваше договорот со ЕУ

Претседателот на Молдавија, Николае Тимофти

Парламентот на Молдавија денеска го ратификуваше Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ. 59 пратеници од 101 гласаа за договорот со кој земјата ќе има поблиски економски и политички односи со ЕУ. Претседателот Николае Тимофти изјави пред Парламентот дека членството во ЕУ треба да биде следниот чекор, бидејќи жителите на Молдавија го заслужуваат тоа. Премиерот Лурие Леанка го потпиша договорот на 27 јуни во Брисел.