НАСА со сателит ќе го испитува јаглеродниот диоксид

Американската вселенска агенција НАСА лансираше сателит кој ќе ја испитува концентрацијата на јаглерод диоксид, кој е главната причина за предизвикување на глобално затоплување на земјината атмосфера. Сателитот две години ќе орбитира на околу 700 километри од земјината површина.

Мисијата која чини 468 милиони долари е со цел да се дознае повеќе за количината на јаглерод диоксид во атмосферата. Научници соопштуваат дека зголеменото ниво на јаглерод диоксид во атмосферата како резултат на човечката активност директно придонесува за глобалното затоплување.