Курдите во Ирак на референдум за неколку месеци

Масуд Барзани

Масуд Барзани, лидер на ирачкиот автономен курдски регион изјави дека планира за неколку месеци да одржи референдум за независност. „Сега е вистинско време, бидејќи Ирак фактички веќе е поделен“, рече тој во интервју за Би Би Си, додавајќи: „На границата во должина од над илјада километри се соочуваме со терористи и радикални групи. Тоа е нова ситуација и се сомневам дека Ирак некогаш ќе биде како што беше порано“. Тој ова го изјави откако милитанти на Исламската држава Ирак и Левант освоија големи делови од територијата во северниот и западниот дел на Ирак.