Погребани тројцата убиени тинејџери во Израел

Илјадници луѓе присуствуваа на погребот на тројца тинејџери во централен Израел кои беа киднапирани и убиени кога авто-стопирале на Западниот Брег. Обраќајќи им се на присутните, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека убиствата се дело на „гнасни убијци“. Израел го обвини исламистичкото движење Хамас за убиствата, но Хамас негира. Телата на убиените младинци беа пронајдени завчера на крајот на денот, повеќе од две недели по нивното исчезнување. Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта бомбардирале повеќе од 30 цели во Појасот Газа. На Западниот Брег, за време на рација, војската убила еден Палестинец.