Најмалку четворица загинати во бомбашки напад во Кабул

Најмалку четворица авганистански воздухопловни офицери загинаа, а петмина се ранети кога бомбаш-самоубиец утринава се разнесе во близина на автобус што превезувал воен персонал во Кабул. Нападот се случил во строго обезбедуваното централно градско подрачје на Кабул во близина на универзитетот. Политичките тензии во Авганистан се зголемени по спорниот втор круг од претседателските избори.