ЕУ без нови санкции против Русија

ЕУ донесе одлука се уште да не спроведува нови санкции против Русија поради кризата во Украина, бидејќи, како што соопшти, сликата за настантите останува нејасна. Амбасадорите од земјите членки на Унијата кои дискутираа за прашањето на средбата во Брисел најавија дека подготовката на санкциите ќе биде интензивирана. Некои извори соопштија дека тие повторно ќе се сретнат на 7 јули за повоторно да разговараат за ситуацијата. Според нив, експертите на ЕУ ќе работат на санкции врз одредени луѓе и компании.