Путин-Западот ја користи Украина за дестабилизација на регионот

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини западот дека се обидува да ја искористи кризата во Украина за да го дестабилизира целиот регион. На средбата со руските амбасадори во министерството за надворешни работи во Москва тој изјави дека настаните провоцирани од западот во Украина се манифестација на политика на здружување против Русија.

Путин порача дека земјата ќе продолжи да ги штити етничките Руси во странство. Говорејќи за украинскиот претседатеч Петро Порошенко, тој изјави дека Русија и европските парнери не можеле да го убедат да не го избере патот со насилство. Според него, Порошенко ја преземал одговорноста за борбите во Украина, откако одлучил да не го продолжи прекинот на огнот.