Шулц избран за претседател на ЕП

Мартин Шулц

Европскиот Парламент го избра германскиот политичар Мартин Шулц за нов претседател. Шулц, кој ја извршуваше функцијата од 2012 до почетокот на годинава беше реизбран со мнозинство на гласови. Од 723 парламентарци, 409 гласаа во негова корист. Изборите за нов претседател се одржаа на првата седница на новиот состав на Парламентот, кој беше формиран пред шест недели и во кој речиси една третина од местата им припаднаа на европските скептици.