Иран нема да испраќа војници во Ирак, но нуди оружје

Иранскиот заменик министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахијан изјави денеска дека властите не планираат да испратат војници во Ирак, но можат на земјата доколку има потреба да и обезбедат оружје во борбата со тероризмот. Тој за време на посетата на Москва порача и дека Ирак има силна војска и дека се уште земјата не побарала помош од Иран.

Според него, Иран би обезбедил оружје во согласност со меѓународните правила и договори. Тој додаде дека САД ги оркестрирале настаните во Ирак со цел земјата да ја претворат во втора Украина.