Заврши првата седница на ирачкиот парламент

Првата седница на новиот ирачки парламент заврши без да биде избран нов спикер. Досегашниот спикер Мехди ал Хафид им порача на законодавците дека наредната седница ќе се одржи следната недела, доколку биде постигнат договор. Законодавците побараа пауза за да дискутираат за кандидатите за претседател на Парламентот, кој традиционално е сунитски муслиман, а неговите двајца заменици се од шиитската и курдската заедница. Но, по паузата се вратиле само 75 пратеници по што немало доволен кворум.