ЕУ одобри кредитна линија за бугарските банки

Европската Комисија соопшти дека го прифатила барањето на Бугарија за проширување на кредитната линија од 2 милијарди и 300 милиони долари за поддршка на кревкиот банкарски систем на земјата. Одлуката доаѓа по заминувањето на депонентите од две големи комерцијални банки во рок од само една недела, зголемувајќи ги страхувањата за финансиската стабилност на Бугарија.

Европската комисија соопшти дека бугарскиот банкарски систем е добро капитализиран, но оти земјата била со зголемена ликвидност поради превентивни причини.

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев изјави дека Бугарите немаат причина да стравуваат за своите заштеди. Тој додаде дека државните институции и политичките партии целосно ги поддржуваат напорите за стабилизиција на банкарство во земјата.

Во минатиот викенд Бугарија уапси 5 луѓе под сомнение за заговор за дестабилизација на банкарскиот систем на Бугарија.