Повторно пребројување на гласови во Авганистан

Пребројувањето на гласовите

Шефот на авганистанската независна изборна комисија Ахмед Јусуф Нуристани изјави дека телото го преиспитува пребројувањето на гласовите во 2000 избирачки места, по наводите за нерегуларности. Во интервју за Радио Слободна Европа, тој порача дека со пребројувањето ќе се врати транспарентноста и чесноста на изборите.

Според него, пребројувањето најверојатно ќе трае четири до пет дена.Нуристани порача и дека комисијата се уште не одлучила дали дел од резултатите ќе бидат објавени на 2 јули или ќе се чека исходот од пребројувањето.