Јосиповиќ-ситуацијата во Хрватска ни розова, ни црна

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ по повод првата година на членството на земјата во ЕУ изјави дека бил остварен еден национален консензус. Но, според него, недостатокот од долгорочна стратегија доведува до повремени проблеми, па така „ситуацијата не е розова, но не е ни црна“. Јосиповиќ порача дека Хрватска се соочува со проблеми бидејќи е една од ретките држави која не формулирала своја стратегија до 2020 година.