Авганистанските власти ја повратија контролата во Хелманд

Авганистанските власти соопштија дека војската целосно ја повратила контролата во четирите реони во јужниот дел на покраината Хелманд, кои беа преземени од талибанците во минатата недела. Се уште не се знае точната бројка на жртви. Четирите реони беа нападнати, откако на 20 јуни талибанците ја започнаа офанзивата со цел да ја заземат контролата врз териториите кои неодамна беа напуштени од американската војска. Според авганистанските власти, околу 800 милитанти учествувале во офанзивата, а 2000 семејства биле раселени.