Кина-Поранешен воен лидер обвинет за примање мито

Ксу Чаихоу

Поранешниот генерал Ксу Чаихоу кој беше исклучен од валдејачката Комунистичка партија се соочува со обвиненија за примање поткуп. Тој е една од најзначајните фигури кои беа уапсени, откако беа спроведени силни антикорупциски мерки од страна на претседателот Кси Џинпинг, откако стана лидер на партијата и земјата во 2012 година.

Џинпинг најави дека ќе ги казни сите корумпирани владини претставници без разлика на нивната функција. Чаихоу и неговите роднини се обвинети дека зимале поткуп во замена за услуги. Тој беше потпретседател на Централаната воена комисија, која раководи со кинеската армија.