Ирак-Сунитските џихадисти закана за сите земји

Знамиња на Исламистичката држава на Ирак и Левант

Портпаролот на ирачката војска, Касим Ата изјави денеска дека сунитските џихадисти кои прогласија калифат во тероториите кои ги зазедоа во Ирак и Сирија прераснале во меѓународна закана. Според него, припадниците на Иламистичката држава на Ирак и Левант испратиле порака до регионот и светот дека претставуваат закана за сите земји. Ирачката војска во меѓувреме презема контраофанзива за враќање на контролата во градот Тикрит.