Владина делегација во посета на азискиот континент

Македонскиот премиер Никола Груевски кој престојува во посета на Народна Република Кина, 2013.

Премиерот Никола Груевски, од денеска, во текот на следните денови ќе престојува во повеќе држави од азискиот континент, Царството Јапонија, Република Кореја и Народна Република Кина.

Груевски ќе ја предводи владината делегација во чиј состав се и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо и владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата премиерот Груевски и делегацијата на Владата ќе остварат политички средби со претставници на овие држави, региони и области, ќе присуствуваат и ќе се обратат на бизнис форуми организирани од Фајненшл Тајмс за презентација на поволностите кои нашата земја ги овозможува за реализација на странски инвестиции, а ќе остварат и посета на болници во функција на засновање на соработка во здравството.