Плевнелиев - заштедите се сигурни

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев изјави дека Бугарите немаат причина да стравуваат за своите заштеди. Плевнелиев одржа средба со лидерите на политичките партии, министерот за финансии и Гувернерот на Централната банка, по дестабилизацијата на банкарскиот систем во земјата со што се зголемија стравувањата за финансиската стабилност на Бугарија.

Плевнелиев изјави дека државните институции и политичките партии целосно ги поддржуваат напорите за стабилизиција на банкарство во земјата. Викендов Бугарија уапси 5 луѓе под сомнение за заговор за дестабилизација на банкарскиот систем на Бугарија.

Бугарскиот претседател изјави дека ќе го распушти парламентот и ќе назначи привремена влада на 6 август која ќе ја води Бугарија до предвремени парламентарни избори закажани за 5 октомври.