Северна Кореја ќе им суди на двајца американски туристи

Северна Кореја соопшти дека двајцата притворени државјани на САД ќе се соочат со судење за обвиненија, меѓу кои „извршување непријателски акти“. Сомневањата за „непријателски активности„ од страна на Метју Тод Милер и Џефри Едвард Фоувл биле потврдени со докази и сведочење.

Милер кој има 24 години беше уапсен во април откако побарал азил во државата, а Фоувл, кој има 56 години бил уапсен кон крајот на април откако оставил библија во хотелот каде престојувал.