Холандија и Коста Рика во четвртфинале

Холандија и Коста Рика се новите патници во четвртфиналето на Светското првенство во Бразил, откако синоќа во осминафиналните натпревари ги совладаа Мексико, односно Грција.

Со два гола во последните минути од мечот, Холандија направи пресврт против Мексико кое дотогаш водеше со 1-0 и со конечен резултат 2-1, Холандија обезбеди пласман во четвртфиналето.

Коста Рика исто така во драматичен меч ја елиминираше Грција. Коста Рика водеше со 1-0 сè до последните моменти од натпреварот кога Грција израмни на 1-1. Овој резултат беше непроменет ни по продолженијата, па патникот во четвртфиналето беше одреден по изведување на пеналите. Костариканците беа подобри во пенал рундата со 5-3.

Вечерва од 18 часот Франција игра со Нигерија, а во 22 часот е натпреварот меѓу Германија и Алжир.