Ирачките сили продолжуваат со офанзивата за Тиркит

Ирачките сили продолжија со офанзивата да си ја повратат контролата на градот Тиркит од сунитските бунтовници. Во извештаите се наведува дека хеликоптери погодиле бунтовнички позиции и дека имало судири во различни делови на Тикрит. Денеска е вториот ден од владината офанзива за повторно заземање на градот од бунтовниците предводени од Исламската држава во Ирак и Левант. Бунтовниците го зазедоа Тикрит претходно овој месец, како и еден поголем дел од северен и западен Ирак.