Египет ќе ги ограничи рамазанските проповеди

Египет ќе ги ограничи рамазанските проповеди на теми вера и моралот.

Министерот задолжен за верски прашања на Египет, изјави дека ваквата одлука треба да осигура дека проповедите за време на светиот муслимански месец треба да ги обединуваат луѓето, а не да ги делат.

Мерката, објавена на првиот ден од Рамазан, е последниот обид од страна на државата за контрола на верскиот говор по минатогодишното соборувањето на исламистичкиот претседател Мухамед Морси.

Во последниве неколку месеци Египет го забрани „Муслиманското братство“, кое го смета за терористичка организација, а донесе и нов закон за ограничување на протести.

Министерството веќе ограничи дека во џамиите ќе проповедаат само свештеници овластени од државата.