Африкански мигранти се жалат на третманот во Израел

Околу 1.000 африкански мигранти денеска напуштиле прифатен центар во Израел во знак на протест поради третманот од страна на израелските власти. Тие велат дека војската ги сместила во шатори до граница, отккао ги спречила да пребегаат во Египет. Мигрантите од Еритреја и од Судан велат и дека Израле не ги разгледува нивните барања за азил и молат ОН да им помогнат да си најдат сместување некаде на друго место.

„Не може да живееме во кафези во пустина, без датум кога ќе бидеме пуштени, ниту без каква било правосудна реакција“, велат мигрантите.

Израелската војска не ги коментираше настаните.

Околу 50 илјади Африканци влегоа минатата година во Израел од Египет. Тие велат дека бегаат од опасностите и насилтвата во својата земја, а Израел вели дека бараат вработување.