Пет украински војници убиени во источна Украина

Најмалку пет војници загинале , а 17 се повредени во изминатите 24 часа во источниот дел на Украина, и покрај прекинот на огнот меѓу безбедносните сили и про-руските сепаратисти, соопшти украинската војска.

Портпаролот на војската рече дека тројца војници загинале во градот Словјанск во регионот Доњецк, а другите двајца кога сепаратистите нападнале воен конвој во регионот Луханск. Украинскиот претседател Петро Порошенко го продолжи примирјето до 30 јуни во 22 часот. Вчера сепаратистите ги ослободија и останатите четворица од вкупно осумте набљудувачите на ОБСЕ кои беа заробени на 29 мај. Другите четворица монитори беа ослободени претходно.