Ирак доби руски борбени авиони

Ирачката влада соопшти дека ја добиле првата пратка на руски борбени авиони, кои треба да им помогнат на ирачките сили во борбата со сунитските бунтовници. Претставници на ирачките безбедносни сили соопштија дека пет поволни авиони од типот Сухој ќе бидат ставени во функција за некој ден, а дека уште авиони се на пат кон Ирак. Се претпоставува дека ирачката влада за авионите платила 500 милиони долари.

Бунтовниците предводени од групата Исламската држава во Ирак и Левант, зазедоа големи делови од северен и западен Ирак. Вчера ирачката влада соопшти дека ја повратила контролата на градот Тикрит, но милитантите тврдеа дека се спротивставиле на нападот.