Бан Ки Мун го поздрави продолженото примирјето во Украина

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го поздрави продолжетокот на примирјето на истокот на Украина за уште 72 часа и повика конечно да се стави крај на насилството.

Украинскиот претседател Петро Порошенко го продолжи примирјето до 30 јуни до 22 часот.

Генералниот секретар на ОН се надева дека сите страни во конфликтот строго ќе се држат до своите обврски и ги повика да побараат начин преку политички пат да му стават крај на насилството.