Пакистан - Најмалку 17 милитанти убиени во Северен Вазиристан

Најмалку 17 милитанти се убиени во воздушен напад од страна на пакистанските сили во најновите напади врз бунтовнички скривалишта во проблематичниот северозападен дел од земјата. Авионите бомбардирале скривалишта во Северен Вазиристан доцна во петокот, откако хуманитарните агенции им помогнале на луѓето кои бегаат од воената операција.

Скоро половина милион луѓе ги напуштиле своите домови од почетокот на офанзивата во Северен Вазиристан насочена кон уништување на долгогодишните упоришта на милитантите во областа, која граничи со Авганистан.

Најмалу 370 милитанти и 12 припадници на безбедносните сили се убиени во офанзивата, која започна кон средината на овој месец.