Тајланд ќе екстрадира руски нарко бос

Александар Матусов

Тајландските власти соопштија дека ќе го екстрадираат рускиот нарко бос Александар Матусов на 1 јули. 52 годишниот Матусов е баран во Русија за неговата наводна вмешаност во серија убиства и други криминални активности. Тој на 23 јуни беше уапсен во Тајланд. Матусов за прв пат влегол во Тајланд во 2009 година.