Ирак-Курдите не се откажуваат од автономијата на Киркук

Ирачкиот курдски лидер Масуд Барзани за време на прес конференцијата со британскиот секретар за надворешни работи Вилјам Хејг.

Ирачкиот курдски лидер Масуд Барзани изјави дека нема да биде повлечена автономијата на курдскиот режим во Киркук и останатите градови каде тие се борат со сунитските милитанти. Барзани за време на прес конференцијата со британскиот секретар за надворешни работи Вилјам Хејг порача дека статусот на Киркук е веќе постигнат. Киркук е етнички поделен град во северен Ирак, каде Курдите со децении се обидуваат да воспостават автономност, но владата одбива.